РЕШЕНИЕ за свикување на Трета редовна седница на Советот на Општина Делчево

Врз основа на член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002) и член 25 став 2 точка 1 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“ бр. 15/2013,2/2019 и 1/2021), Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден 21.12.2021 година, донесe

РЕШЕНИЕ
за свикување на Трета редовна седница на
Советот на Општина Делчево

I

Ја свикувам Третата редовна седница на Советот на Општина Делчево.
Седницата ќе се одржи на 28.12.2021 (вторник) со почеток во 14.00 часот, во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ Делчево.
За седницата го предлагам следниот

Дневен ред

-Усвојување на Записник од Третата седница

1.Предлог-Одлука за верификација на мандат на член на Советот на Општина Делчево;
2. Предлог-Одлука за формирање на Комисија за изработка на Програма за работа на Совет за 2022 година;
Образлагач: Гоце Попов-Претседател на Советот на Општина Делчево.
3. Извештај за рализација на Програмата за социјална заштита на Општина Делчево за 2021 година со Заклучок за усвојување;
4. Предлог-Програма за родова рамноправност на мажите и жените на Општина Делчево и работа на Комисијата за еднакви можности за 2022 година;
5. Предлог-Одлука за измена на Одлука за измена и дополнување на Одлуката за формирање Совет за социјална заштита на Општина Делчево;
Образлагач: По точките 3,4 и 5-Сузана Петровска-Советник за вработување и информативен систем за човечки ресурси.
6. Буџетски календар;
7. Предлог- Буџет на Општина Делчево за 2022 година;
8. Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на Општина Делчево за 2022 година;
9. Предлог-Одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2022 година;
Образлагач: -По точките 6,7, 8 и 9- Анка Христова Раководител на буџетска контрола, сметководство и администрирање на даноци;
10. Програмата за управување со отпад во Општина Делчево за 2022;
11. Предлог-Програма за јавна чистота на општина Делчево за 2022 година;
Образлагач:По точките 10 и 11- Татјана Стојковска- Виш соработник за заштита на животната средина и комунална инфраструктура.
12. Предлог-Решение за именување член-претставник на Министерството за труд и социјална политика во Управниот одбор на Општинската јавна установа Детска градинка „Весели Цветови“-Делчево;
Образлагач: Вачо Новоселски-Советник за образование, социјална заштита и заштита на децата.
13. Предлог-Програма за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Делчево за 2022 година;
Образлагач: Горан Петровски-Советник за урбанизам и енергетска ефикасност.
14. Предлог-Одлука за приоритетен проект „Набавка на контејнери за цврст отпад“ во општина Делчево во рамки на грантот од Проектот за подобрување на општинските услуги финансирани со заем од Меѓународната банка за обнова и развој (Светска банка), Компонента В: Грантови за успешност;
Образлагач: Тони Стоименовски-Советник за Локален економски развој.
Прашања и предлози на членови на Совет.

II

Решението влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Сл.гласник на Општина Делчево“.

Број 09-2467/1
21.12.2021
Делчево

СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
Претседател
Гоце Попов

0Shares
0