РЕШЕНИЕ за свикување на Деветтата редовна седница на Советот на Општина Делчево

Врз основа на член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002) и член 25 став 2 точка 1 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“ бр. 15/2013,2/2019 и 1/2021), Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден 18.05.2022 година, донесe

 

РЕШЕНИЕ

за свикување на Деветтата редовна седница на

Советот на Општина Делчево

I

 

Ја свикувам Деветтата редовна седница на Советот на Општина Делчево.

Седницата ќе се одржи на 23.05.2022 (понеделник) со почеток во 14.00 часот, во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ Делчево.

За седницата го предлагам следниот

 

Дневен ред

 

 -Усвојување на Записник од Осмата  седница на Советот на Општина Делчево

  1. Измена на Годишен план за вработување на Општина Делчево за 2022 година со Заклучок за усвојување;

Образлагач: Билјана Прачкоска-Секретар на Општина Делчево.

  1. Предлог-Одлука за проширување на средства во Буџетот на Општина Делчево за 2022 година;

Образлагач: Анка Христова-Раководител на Одделението за  буџет, сметководство и администрирање на даноци.

  1. Предлог-Одлука за определување на имиња на илици во градот Делчево;
  2. Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на Урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат за објект станбена куќа зграда број 1 по барање на Цвета Начева;
  3. Предлог-Одлука за измена на Одлукатаза одвојување на средства за финансиско учество на општина Делчево во имплементација на проекти од регионално значење бр.09-2137/1 од 29.12.2020 година;

Образлагач: По точките 3,4 и 5 -Звонко Атанасов-Раководител на Сектор за урбанизам, уредување на градежно земјиште, комунални работи и сообраќај и заштита на животна средина.

  1. Предлог-Програма за дополнување на Програмата за изработка на урбанистики оланови на подрачјето на општина Делчево за 2022 година;

Образлагач: Горан Петровски-Советник за урбанизам и енергетска ефикасност.

  1. Предлог-Одлука за доделување на стипендии на ученици прогласени за првенци на генерацијата во општинските училишта;

Образлагач: Ванчо Новоселски-Советник за образование.

  1. Тримесечен извештај за финансиското работење на ЈКП „брегалница“-Делчево за периодот 01.01.2022 – 31.03.2022 година со Заклучок за усвојување;

Образлагач: Марија Сумрачка-Одговорен сметководител на  ЈКП „Брегалница“-Делчево.

  1. Разгледување на Барање од Месна заедница Трети реон;
  2. Разгледување на Барање од граѓани кои живеат на ул.„Пере Тошев“ 08-731/1 од 19.04.2022;
  3. Разгледување на Барање бр.09-767/1 од 26.04.2022;

 

II

            Решението влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Сл.гласник на Општина Делчево“.

Број 09-893/1
18.05. 2022
Делчево

СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
Претседател
Гоце Попов

0Shares
0