Врз основа на член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на РМ“ бр. 5/2002), член 25 став 2 точка 1 од Статутот на Општина Делчево („Сл. гласник на Општина Делчево“ бр. 15/2013,2/2019 и 1/2021), член 35 став 1 точка 1 и член 58 став 1 од Деловникот, Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден 27. 05. 2025 година, донесe
РЕШЕНИЕ
за свикување на 48. Редовна седница на
Советот на Општина Делчево
Ја свикувам 48. Редовна седница на Советот на Општина Делчево.
Седницата ќе се одржи на ден 02. 06. 2025 година (понеделник) со почеток во 8.00 часот, во Мултифункционалниот центар во Делчево.
Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ Делчево.
За Седницата го предлагам следниот
Дневен ред
-Усвојување на Записникот од 47. Седница
- Предлог-одлука за утврдување на потребата од донесување на Урбанистичко планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат, Објект со намена А4 викенд- куќа згр. бр. 3 –по барање на Богатин Постолов;
- Предлог-одлука за утврдување на потребата од донесување на Урбанистичко планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат објект помошен објект за селско стопанство згр. бр. 4 –по барање на Богатин Постолов;
- Предлог-одлука за утврдување на потребата од донесување на Урбанистичко планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат Објект станбена куќа згр. бр. 1 –по барање на Митко Стоименовски
- Предлог-одлука за вклопување на бесправно изграден објект со намена различна од утврдената во важечко планска документација зграда бр.2 – Објект со намена А1 – станбена куќа по барање на Бобан Павловски
Образлагач по точките 1,2, 3 и 4 е Андријана Соколовска, помлад соработник
за уредување градежно земјиште.
- Предлог-одлука за разрешување и именување членови во Општинскиот совет за превенција на детско претстапништво.
- Предлог-одлука за финансиска поддршка по Барање бр. 25-1064 од 28.04.2025 од жители на с. Косово Дабје.
Образлагач по точките 5 и 6 е Гоце Попов, претседател на Советот на Општина Делчево.
- Предлог-заклучок за усвојување на Тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈКП „Брегалница“ Делчево.
Образлагач по точката е Марија Сумрачка, одговорна за сметководство и финансов книговодител.
- Предлог-одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Делчево за 2025 г.
Образлагач на точката е Ана Ситновска- Димитровска- раководител на Одделение
за буџетска контрола, сметководство и администрирање даноци.
- Програма за дополнување на Програмата за изработка урбанистички планови на подрачјето на Општина Делчево за 2025
Образлагач Горан Петровски е советник за урбанизам и енергетска ефикасност.
- Прашања и предлози на членови на Советот
II
Присуството на членовите на Советот на Општина Делчево е задолжително, а секое отсуство потребно е да се пријави кај Претседателот на Советот на Општина Делчево.
Број 09- 1266 /1 СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
- 05. 2025 година Претседател,
Делчево Гоце Попов, с.р.