РЕШЕНИЕ за свикување на  50. Редовна седница на Советот на Општина Делчево

Врз основа на член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на РМ“ бр. 5/2002), член 25 став 2 точка 1 од Статутот на Општина Делчево („Сл. гласник на Општина Делчево“ бр. 15/2013,2/2019 и 1/2021), член 35 став 1 точка 1 и член 58 став 1 од Деловникот, Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден 31.07.2025 година, донесe

 

РЕШЕНИЕ

за свикување на  50. Редовна седница на

Советот на Општина Делчево

 

Ја свикувам 50. Редовна седница на Советот на Општина Делчево.

Седницата ќе се одржи на ден 07. 08. 2025 година (четврток)  со почеток во 09:00 часот, во Мултифункционалниот центар во Делчево.

Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ Делчево.

За Седницата го предлагам следниот

 

 

Дневен ред

 

-Усвојување на Записник од 49 Седница

 

  1. Измени  и дополнувања на Буџетот на Општина Делчево за 2025 година со Предлог-одлука за усвојување на Измените и дополнувањата на Буџетот на Општина Делчево за 2025 година.

 

  1. Предлог-одлука за дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Делчево за 2025 година;

 

  1. Предлог-одлука за дополнување на Планот на програмите за развој на Општина Делчево за 2025 година.

 

 

Образлагач на точките 1, 2 и 3 е Ана Ситновска -Димитровска- раководител на Одделение за буџетска контрола, сметководство и администрирање даноци.

 

  1. Прашања и предлози од советници

 

II

 

Присуството на членовите на Советот на Општина Делчево е задолжително, а секое отсуство потребно е да се пријави кај Претседателот на Советот на Општина Делчево.

 

Број 09- 1812/1                                                                               

 31.07. 2025 година                                                                                 

 Делчево                                                                                                         

СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО

Претседател,

Гоце Попов, с.р.

Shares