РЕШЕНИЕ за свикување на  51. Редовна седница на Советот на Општина Делчево

Врз основа на член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на РМ“ бр. 5/2002), член 25 став 2 точка 1 од Статутот на Општина Делчево („Сл. гласник на Општина Делчево“ бр. 15/2013,2/2019 и 1/2021), член 35 став 1 точка 1 и член 58 став 1 од Деловникот, Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден 22.08.2025 година, донесe

 

РЕШЕНИЕ

за свикување на  51. Редовна седница на

Советот на Општина Делчево

 

Ја свикувам 51. Редовна седница на Советот на Општина Делчево.

Седницата ќе се одржи на ден 29.08. 2025 година (петок)  со почеток во 09:00 часот,  во      Мултифункционалниот центар во Делчево.

Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ Делчево.

За Седницата го предлагам следниот

 

Дневен ред

 

-Усвојување на Записник од 50 Седница

 

  1. Предлог-одлука за давање на трајно користење на недвижна ствар „Водоснабдителен систем на с.Ѕвегор и водоснабдителен систем на с.Габрово, Општина Делчево“ на Јавното комунално претпријатие БРЕГАЛНИЦА  Делчево;

 

  1. Предлог- одлука за давање на трајно користење на движни ствари- прочистувачи на воздух на ООУ „Ванчо Прке“ Делчево и на ООУ „Св.Климент Охридски“ Делчево;

 

Образлагач по точките 1 и 2 е Стефанија Стојчевска, раководител на Одделение за јавни набавки и администрирање со имотот на Општината

 

  1. Програма за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на Општина Делчево за 2025;

 

Образлагач Горан Петровски, советник за урбанизам и енергетска ефикасност

 

  1. Програма за измена и дополнување на Програмата за култура за 2025 година на Општина Делчево

 

  1. Одлука за измена на Одлуката за утврдување реони во општинските основни училишта во Делчево

 

Образлагач по точките 4 и 5 е Ванчо Новоселски, советник за образование

 

  1. Годишен план за вработување за 2026 г на ООУ „Ванчо Прке“ со Заклучок за давање согласност;

 

  1. Годишен извештај за работа за 2024/25 г на ООУ „Ванчо Прке“ Делчево со Заклучок за усвојување;

Образлагач по точките 6 и 7 е Горан Велков, директор на ООУ „Ванчо Прке“ Делчево

  1. Годишен план за вработување за 2026 г. на ООУ „ Св.Климент Охридски“ Делчево со Заклучок за давање согласност;

 

  1. Годишен извештај за работа за 2024/25 на ООУ „Св.Климент Охридски“ Делчево со Заклучок за усвојување;

 

Образлагач по точките 8 и 9 е Горан Димитровски, директор на ООУ „Св.Климент Охридски“Делчево

 

  1. Годишен план за вработување на ОЈУДГ „Весели цветови“-Делчево за 2026 година со Предлог-Заклучок за давање согласност;

 

  1. Годишен извештај за работа за 2024/ 25 г.на ОЈУДГ „Весели цветови“ Делчево со Заклучок за усвојување;

 

  1. Годишна програма за работа за 2025/26 г на ОЈУДГ „Весели цветови“ Делчево со Заклучок за усвојување;

 

  1. Предлог-Одлука за утврдување на работното време на ОЈУДГ „Весели цветови“-Делчево;

 

  1. Предлог-Одлука за давање согласност на ОЈУДГ „Весели цветови“-Делчево за формирање групи со поголем број на деца;

Образлагач на точките 10, 11, 12, 13 и 14 е Билјана Симовска, директрор на

ОЈУДГ   „Весели цветови“ Делчево.

 

  1. Шестмесечен извештај за финансиското работење на ЈКП „Брегалница“ Делчево за Втор квартал 2025 г ( 01.01.2025 -30.06.2025) со Заклучок за усвојување;

 

Образлагач по точката е Марија Сумрачка, одговорен сметководител

 

  1. Предлог-одлука за финансиска поддршка по Барање бр. 21-1995/1 од 21.08.2025г. од КУД „Гоце Делчев“ Делчево;

 

Образлагач Гоце Попов, претседател на Советот на Општина Делчево

 

 

 

II

Присуството на членовите на Советот на Општина Делчево е задолжително, а секое отсуство потребно е да се пријави кај Претседателот на Советот на Општина Делчево.

 

 

 

Број 09-1962/1                                                                                 СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО

 22.08. 2025 година                                                                                          Претседател,

 Делчево                                                                                                              Гоце Попов, с.р.

Shares