РЕШЕНИЕ за свикување на 9. редовна седница на Советот на Општина Делчево

Врз основа на член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002) и член 25 став 2 точка 1 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“ бр. 15/2013,2/2019 , 1/2021, 84/2020  и 202/24), Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден 22.04.2026 година, донесe

 

 

РЕШЕНИЕ

за свикување на 9. редовна седница на

Советот на Општина Делчево

 

I

                Ја свикувам 9. седница на Советот на Општина Делчево.

Седницата ќе се одржи на 29.04.2026 (среда) со почеток во 10:00 часот, во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ Делчево.

За седницата го предлагам следниот

 

Дневен ред

 -Усвојување на Записник од 8.седница

 

  1. Предлог- Решение за именување на членови на Комисијата за доделување на награди и признанија на Општина Делчево;

2.Предлог-Одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Делчево и  Општина Берово;

3.Предлог-Решение  за именување на членови на  заедничка комисија за подготовка на предлог на акт за воспоставување  меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Делчево и Општина Берово;

  1. Предлог-Одлука за прифаќање на донација на спортски справи;

Образлагач: Ивана Ивановска-Раководител на Одделението за правни и општи работи.

5.Годишна сметка на ЈЛБ „Илинден“ за 2025 година со Предлог-Заклучок за усвојување;

6.Измена на  Годишен план за вработување на ЈЛБ „Илинден“-Делчево за 2026 година со Предлог-Одлука за давање согласност;

Образлагач: Билјана Петровска-Директор на ЈЛБ „Илинден“-Делчево.

  1. Извештај за работата на ЈКП „Брегалница“-Делчево за 2025 година со Предлог-Заклучок за усвојување;

8.Годишна сметка сметка на JКП „Брегалница“-Делчево за 2025 со Предлог-Заклучок за усвојување;

Образалагач: Марија Сумрачка-ВД директор на ЈКП „Брегалница“-Делчево.

  1. Предлог-Одлука за проширување на средства на буџетот на Општина Делчево за 2026 година;

Образлагач: Ана Ситновска Димитровска-Раководител на Одделението за буџет, сметководство и администрирање на даноци.

 

  1. Предлог-Одлука за спонзорство по барање бр.21-1171/1 од 01.04.2026;

Образлагач: Николчо Стојменовски-Претседател на Советот.

11.Предлог-Програма за измена на Програмата за образование за 2026 година;

Образлагач: Ванчо Новоселски-Советник за образование.

  1. Предлог-Програма за ревитализација по елиминирањето на кризатаза општина Делчево за 2026 година;

Образлагач: Кире Цоневски-Соработник превенција, заштита и спасување.

  1. Предлог-Програма за управување со отпад за 2026 година;

Образлагач: Татјана Стојковска-Виш соработник за заштита на животната средина и комунална инфраструктура.

  1. Предлог-Одлука за финансиска поддршка на Фудбалски клуб Брегалница 1926 Делчево;
  2. Предлог-Одлука за финансиска поддршка на Меѓуопштинско здружение на цивилните инвалиди од војната Штип;
  3. Предлог-Одлука за одобрување на финансиска поддршка на Павле Богдановски;
  4. Предлог-Одлука за одобрување на финансиска поддршка на Боксерски клуб Тигар МБМ Делчево;

Образлагач: Николчо Стојменовски-Претседател на Советот на Општина Делчево.

  1. Предлог-Одлука за прифаќање на предлог за воспоставување нa меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Делчево и Општина Македонска Каменица;

Образлагач: Ивана Ивановска–Раководител на Одделението за правни и општи работи.

  1. Предлог- Одлука за збратимување помеѓу Општина Делчево, Република Северна Македонија и општините Новело, Монфорте д’ Алба и Родино, Република Италија;

Образлагач: Градоначалник на Општина Делчево, Иван Гоцевски

  1. Прашања и предлози на членови на Совет.

    II

                Решението влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Сл.гласник на Општина Делчево“.

 

Број 09-1382/  1                                                                                  СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО                  

22.04.2026                                                                                                             Претседател,

Делчево                                                                                                      Николчо Стојменовски,с.р.

Shares