Врз основа на член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на РМ“ бр. 5/2002), член 25 став 2 точка 1 од Статутот на Општина Делчево („Сл. гласник на Општина Делчево“ бр. 15/2013,2/2019 и 1/2021), член 35 став 1 точка 1 и член 58 став 1 од Деловникот, Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден 23. 09. 2026 година, донесe
РЕШЕНИЕ
за свикување на 18. Седница на
Советот на Општина Делчево
Ја свикувам 18. Седница на Советот на Општина Делчево.
Седницата ќе се одржи на ден 30.09. 2026 година (среда) со почеток во 10:00 часот, во Мултифункционалниот центар во Делчево.
Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ Делчево.
За Седницата го предлагам следниот
Дневен ред
-Усвојување на Записникот од 17. Седница
- Предлог-одлука за верификација на мандат за член на Советот на Општина Делчево.
Образлагач по точката е Николчо Стојменовски, претседател на Советот на Општина Делчево.
- Предлог-одлука за давање согласност за примање донација-патничко моторно возило.
Образлагач по точката е Ивана Ивановска, раководител на Одделение за правни и општи работи
- Предлог-одлука за ослободување од партиципација на деца Роми на возраст од 3 до 6 години за престој во детските градинки што се во социјален ризик за учебната 2026/2027 година.
- Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за активностите на месните и урбаните заедници на територијата на Општина Делчево за 2026 година.
- Мислење за основање Урбана заедница „Пролет“.
Образлагач по точките 3, 4 и 5 е Џулиета Мемедова, самостоен референт за безбедност и здравје при работа.
- Предлог-одлука за одобрување финансиски средства по Барање 21-2968/1 од 04.09.2026
Образлагач по точката е Николчо Стојменовски, претседател на Советот на Општина
Делчево.
- Предлог-одлука за согласност на Измената на Годишниот план за вработување на Јавната локална библиотека „Илинден“ Делчево за 2026 г.
Образлагач по точката Билјана Петровска, директор на ЈЛБ „Илинден“
- Предлог-одлука за усвојување на Наративен и финансиски Извештај за манифестацијата „Делчевско културно лето 2026“ од Здружение за култура и уметност „Креатива плус“ Струмица.
Образлагач по точката е претставник од Здружението
- Прашања и предлози на членови на Советот на Општина Делчево
II
Присуството на членовите на Советот на Општина Делчево е задолжително, а секое отсуство потребно е да се пријави кај Претседателот на Советот на Општина Делчево.
Број 09-3166/1 СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
23.09.2026 година Претседател,
Делчево Николчо Стојменовски, с.р



