Десетте најдобри матуранти од делчевската гимназија на наградно патување во Малага, Шпанија

  • News
Десетте најдобри матуранти од делчевската гимназија на наградно патување во Малага, Шпанија.
Утрово, тие испратија фотографии и поздрави до делчевци, при што истакнаа дека максимално го искористуваат заслужениот одмор за дружење и забава и уживаат во убавините на Малага.
Малага, Шпанија е дестинацијата која ја одбраа најдобрите десет матуранти од СОУ „М.М.Брицо“ како награда од Општина Делчево за постигнатите одлични резултати во текот на средношколското образование.
Патувањето го организираше ДТУТ „АВИОТУРС ТРАВЕЛ СЕРВИС“ Скопје, а за оваа намена-наградно патување на десетте најдобри матуранти, Општина Делчево по спроведена јавна набавка издвои од Буџетот, 300.000 ден.
Наградното патување низ Европа за најдобрите 10 матуранти од делчевската гимназија е традиционална награда и Општина Делчево ја доделува со цел мотивирање на средношколците за постигнување одлични резултати во образовниот процес.
Shares