Поставена и инсталирана е мерна станица што ќе го следи квалитетот на воздухот – концентрација на ПМ10 честички, температура и влажност на воздухот во општина Делчево.
Општина Делчево го реализира проектот „Спречување на загадувањето на воздухот со помош на едукативни технички решенија“ – Набавка на Станица за мерење на квалитет на амбиентален воздух.
Здравата животна средина е наш приоритет и стратешка заложба, па контролата на квалитет на воздухот, посебно во близина на индустриски капацитет и транспортната инфраструктура е неопходност во борбата против загадувањето. Ова е само еден чекор во борбата за поквалитетна животната средина.
Средствата се обезбедени од Бирото за регионален развој од програмата за Развој на урбаните подрачја и одржлив урбан развој.
Views: 22