Покана за учество на Втората форумска сесија и гласање на приоритетите

  • News

Општина Делчево ве кани на Втората форумска сесија за креирање на Буџетот за 2026 г. која ќе се одржи на 20.11.2025 (четврток) во мултифункционлниот центар во Спомен- дом АСНОМ, со почеток во 13.00 часот.

На Втората сесија е планирано формираните работни групи да ги презентираат своите предлог проекти по што ќе се пристапи кон гласање на приоритетите кои заеднички беа дефинирани на претходната сесија, затоа нагласуваме дека Вашето учество на Буџетскиот форум е од исклучително значење, бидејќи вие како активни чинители во нашата Oпштина, треба и активно да придонесете во креирањето на Буџетот на Општина Делчево.

Нашата цел е единствена-задоволни граѓани во урбана и модерна општина.

Shares