Градоначалникот Гоцевски во посета на дечињата од детската градинка „Весели цветови“

  • News

Детски насмеани лица, многу песнички и вредни детски цртежи и изработки во детската градинка „Весели цветови“ со единствена порака дека секое дете заслужува среќно детство и топол дом. Оваа атмосфера го пречекаа денеска градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски кој ја посети детската градинка на денот кога го  одбележуваме Светскиот ден на детето. Градоначалникот Гоцевски и испрати јавна порака до сите чинители во општеството- да се почитуваат правата на децата.

-Децата имаат законски права, а ние возрасните- обврска да се грижиме за најмладите, да создаваме услови тие да имаат безгрижно и среќно детство, да ги учиме да сонуваат, но да ги учиме и на вредности и морални начела кои ќе ги водат низ животот и ќе ги изградат вредни граѓани и самоуверени личности.  Како одговорен човек и градоначалник, сакам да истакнам дека посветено ќе работиме за подобрување на условите во детската градинка, но и ги финишираме работите во новата градинка, таа „час поскоро“ да ги отвори вратите за дечињата со што инвестираме во раниот детски развој и згрижување на сите дечиња од Делчево. Планираме инвестиции во училиштата, да изградиме и повеќе детски игралишта и зелени површини, но и со разни мерки, ќе помагаме на младите семејства. Тоа е нашата инвестиција во иднината, нагласи Гоцевски.

Тој ги повикува сите родители, наставници, институции, граѓани, сите заедно да работат и да создаваат средина во која секое дете ќе се чувствува вредно и заштитено.

 Светскиот ден на детето се прославува на 20 ноември за да ја одбележи Декларацијата за правата на детето донесена од  Генералното собрание на ООН.

Shares