Избран новиот состав на Советот на МЗ на с. Стамер

  • News

Во с. Стамер беше избран нов состав на Советот на Месната заедница, а за претседател на МЗ беше избран Игор Костадинов.

Во присуство на претставници од општинската администрација и на претставници од селото, во демократска атмосфера, но и со многу предлози за решавање на актуелните проблеми во селото, беше извршен реизборот на составот на Советот кој брои 7 членови: Виктор Стоименовски, Делчо Стоименовски, Игор Костадинов, Наталија Велинова, Дејан Колевски, Милан Велинов, Ненад Велинов.

Процесот на активирање на месните и урбаните заедници во Општина Делчево продолжува и наредниот период. Целта е активни месни и урбани заедници и активни граѓани кои креираат подобра општина и општина која се грижи за своите граѓани.

Во таа смисла, Општина Делчево ги повикува граѓаните да се активираат и да придонесат со свое учество во процесот, а посебно жените, да бидат поактивни и да се ангажираат во работата на советите во нивните места на живеење, бидејќи нивниот глас и нивните приоритети се важни во креирањето на една одговорна општина, општина која создава еднакви можности.

Shares