Директорот на Управата за матични книги во работна посета на Општина Делчево

  • News

Денес Општина Делчево ја посети директорот на Управата за матични книги, г. Фатон Фазлиу, кој оствари работна средба со претседателот на Советот на Општина Делчево, г. Николчо Стојменовски.

На средбата се разговараше за тековните активности, сегашните предизвици и идните проекти поврзани со унапредување на услугите што ги обезбедува Управата за матични книги на локално ниво.

Посебен акцент беше ставен на подобрување на ефикасноста, условите за работа и дигитализацијата на одредени услуги.

Во рамки на посетата, директорот Фазлиу ги посети Центарот за услуги и Подрачната служба на Управата за матични книги во Делчево, каде што се запозна со состојбите и потребите на службата, како и со динамиката на обезбедување услуги за граѓаните.

Општина Делчево и понатаму останува отворена за соработка со државните институции со цел подобрување на услугите за граѓаните и унапредување на локалниот развој.

Shares