
Во тек е реализацијата на проект за изградба на дел од улица „Драмечка“, крак од истоимената улица, како и дел од атмосферската канализација. Во рамки на активностите беше извршен увид на лице место со цел следење на текот и квалитетот на досегашните градежни работи.
Проектот опфаќа изградба на улица со вкупна должина од 155 метри, со што значително ќе се подобрат условите за сообраќај, ќе се зголеми безбедноста на учесниците во сообраќајот и ќе се обезбеди поефикасно одведување на атмосферските води во овој дел од градот.
Финансиските средства за реализација на проектот се обезбедени од Министерството за транспорт на Република Македонија, во вкупен износ од 2.862.015,00 денари.
Изведувач на градежните работи е компанијата ОСД КИРИЛ од Штип, а реализацијата на проектот е планирана да продолжи и во текот на 2026 година.
Општина Делчево ќе продолжи со редовен теренски надзор и следење на реализацијата, со цел сите проекти да се изведуваат квалитетно, навремено и во интерес на граѓаните.



