Одржана Втората седница на Советот за развој на ИПР

  • News

Градоначалникот на Општина Делчево присуствуваше на Втората седница на Советот за развој на Источниот плански регион, која се одржа во општина Штип. На седницата беа донесени значајни одлуки насочени кон унапредување на условите во основните училишта на територијата на Општина Делчево.

На седницата беше донесена одлука за предавање во сопственост и владение на канти за селективен отпад за основно училиште во село во Општина Делчево, со што се придонесува кон развој на еколошката свест кај учениците и поттикнување на практики за заштита на животната средина.

Исто така, беше донесена одлука за предавање во сопственост и владение на интерактивни табли со придружна опрема за основните училишта во селата на територијата на Општина Делчево, со цел унапредување на наставниот процес и обезбедување современи услови за образование.

Општина Делчево изразува искрена благодарност до Министерството за локална самоуправа и до министерот Златко Перински за поддршката и континуираната грижа за рамномерниот развој на општините и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

Shares