
Интензивните врнежи од снег од синоќа ги мобилизираа екипите задолжени за зимско одржување на општинските патишта и улици на подрачјето на Општина Делчево.
Со механизација и рачно екипи на ЈКП „Брегалница“ работат на терен на расчистување на снегот од јавните површини, пристапни патеки, коловози и тротоари на градските улици. Во функција се ставени градежни машини, фреза за чистење снег од тротоарите, а се нанесува и сол и ризла со цел безбедно движење по улиците, но и редовно одвивање на работите на Претпријатието.
Од ЈКП „Брегалница“ информираат дека располагаат со доволно количини ризла и сол, a согласно со потребите, сукцесивно ќе се набавуваат дополнителните количини абразивни материјали.
Фирмата задолжена за зимско одржување на улиците и патиштата во Делчево, СД ТРАНС, реагира на критичните точки во градот, а екипи ќе работат и на расчистување на локалните патишта за Стамер, Вирче и три патишта во Нов Истевник.
Otherwise, pатиштата и улиците се чистат согласно со приоритетната листа и Планот на зимско одржување патишта и улици. Во Планот се опфатени патишта со асфалтен коловоз од 88,5 км, патишта со коловоз макадам од 42 км и улици со асфалтен коловоз во должина од 39,83 км. Надзор на извршените работи врши Одделението за инспекциски надзор при Општина Делчево. Чистењето на снегот од коловозите на патиштата и улиците отпочнува пред дебелината на снегот yes достигне 10 сантиметри за сообраќајниците од прв и втор приоритет and 15 сантиметри кај сите останати сообраќајници опфатени со Планот, со посебно внимание на: остриte кривини, стрмниte косини, мостовиte, големи надолжни нагиби и делови каде има сенка (шуми, осојничави места, реки и слично), патни премини и вкрстувања итн.
Зимското одржување на регионалните и магистралните патишта на територијата на Општина Делчево се во надлежност на ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта.
Првиот снег за оваа зима, донесе снежна покривка во Делчево со дебелина од 5 до 10 см. Општина Делчево апелира до граѓаните да си ја исполнат својата граѓанска должност и да го исчистат снегот од пристапите до нивните објекти, односно дворови. Посебно се апелира до правните лица да го исчистат делот пред нивните објекти со цел да се овозможи непречено движење и пристап до објектите.







