Донесени заклучоци за надминување потенцијална опасност на Првиот состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување

  • News

Општинскиот штаб за заштита и спасување денеска го одржа својот Прв состанок на кој се разгледуваа барања од граѓани чиј имот и безбедност се во загрозувачка состојба од потенцијална опасност.

Состанокот го водеше заменичката-градоначалник Адријана Илиевска-Велковски, а присуствуваа претставници од МВР-ОВР Делчево, ДЗС, Центарот за кризи, претставници од Здравствениот дом, советници од Советот на Општина Делчево и административни службеници од Општина Делчево.

Согласно со првото барање, беше разгледувана состојбата со загрозен објект- семејна куќа на улица „Маршал Тито“ во Делчево, каде во непосредна близина се наоѓа карпест рејлеф на кој се евидентирани видливи напукувања. Увидот на стручните служби од Центарот за кризи и од Општина Делчево, констатираше структурни напукувања на карпата со потенцијал за натамошно ширење, постоење реална опасност од делумно или целосно обрушување на делови од карпата и потпорниот ѕид кон куќата, а евидентиран е и потенцијален ризик и за куќата која се наоѓа над карпата и потпорниот ѕид.

По образложението од претставниците од увидната екипа, Општинскиот штаб за заштита и спасување донесе заклучок за ангажирање на стручни институции, ИЗЗИС, Градежен факултет, Геолошки завод) да направат увид и да изработат стручна анализа со процена на степенот на ризик врз основа на што ќе се преземат следни активности.

По однос на второто барање доставено од правното лице ЛИКЕЈ-ДЕЛВИН, а  се однесува на  дефект на противпожарната водоводна мрежа на објект плинска станица во Делчево. Дефектот, како што беше потеницрано во барањето, може да го загрози објектот- плинска станица и претставува општа опасност која може да доведе до загрозување на имотот и животот на граѓаните. Поради нерасчистени имотно-правни односи со соседното правно лице, сопственикот на плинската станица не е во можност да пристапи кон санирање на дефектот.

По образложението, Штабот едногласно донесе заклучок со кој го задолжи ЈКП „Брегалница“ да изврши увид на дефектот кај станицата, да се констатира надлежноста и да се санира дефектот со цел да се спречи потенцијалната опасност, а доколку има потреба да се обезбеди и полициска асистенција.

Shares