Објавени конкурсите за општински стипендии на талентирани ученици

  • News

Општина Делчево денеска ги објави конкурсите за доделување општински стипендии за ученици и студенти. Согласно со конкурсите, Општина Делчево годинава ќе доделува 19 стипендии за средношколци во три категории и 4 стипендии за студенти во две категории. Стипендиите се неповратни и ќе се исплаќаат за период од девет месеци започнувајќи од јануари 2026 г. Висината на стипендијата зависи од категоријата на која аплицира средношколецот, односно 2 000 ден месечно за првата категорија и 2.500 денари месечно за втората, додека стипендијата за ученик со попреченост ќе изнесува 2 000 ден. Висината на стипендиите за студенти изнесува 2.500 денари месечно за првата категорија и 4.000 денари месечно за втората категорија.

The competition за доделување стипендии е објавен на општинската веб-страница, delcevo.gov.mk. Потребните документи можат да се доставуваат по пошта и во Архива на Општина Делчево секој ден од 7.30 до 15.30 ч. Конкурсот е отворен до 18.02.2026.

Податоци за потребните документи на следните линкови

КОНКУРС за доделување на 18 стипендии на одлични ученици од СОУ „М.М.Брицо“ од II, III и IV година за учебната 2025/2026 година и 1 стипендија на ученик со попреченост од СОУ„М.М.Брицо“од I,II,II и IV за учебната 2025/2026 година

КОНКУРС за доделување на 4 стипендии на студенти кои студираат на државните универзитети во Република Северна Македонија – 2026

Shares