
Од денеска започнаа градежните работи за реконструкција на улицата „Индустриска“, каде се инвестираат над 20 милиони денари средства од Владата на РМ во два проекти. Улицата се реконструира во должина од 500 метри, односно од мостот на река Брегалница до клучката на транзитниот булевар „Македонија“. Работите ги изведува фирмата „Стојменов“ од Кочани која има обврска комплетно да ја реконструира улицата со ширина од 6 метри на коловозот, со поставување нов асфалт, замена на долен строј и реконструкција на тротоарите.
Увид во текот на работите направи градоначалникот Иван Гоцевски кој истакна дека „Индустриска“ прераснува во современа сообраќајница по сите стандарди.
-Со овие градежни зафати комплетно се решава еден од најголемите предизвици во изминатиот период и една од најфреквентните улици во градот и главна сообраќајница што го поврзува индустрискиот дел, градскиот пазар и населбите Расадник и Трети Реон, ќе добие нов урбан лик и ќе прерасне во современа сообраќајница која ќе даде поголема безбедност во сообраќајот за сите учесници. На оваа улица веќе почна да се применува привремен режим во сообраќајот и апелирам на почитување на поставената сигнализација, нагласи Гоцевски
Вредноста на реконструкцијата е 11, 9 милиони денари, цена со ДДВ, а средствата се обезбедени од Владата на РМ преку Министерството за транспорт и врски.
Инаку, претходно на оваа улица заврши и поставувањето на атмосферската канализација која е дел од проектот за изградба на атмосферска канализација во Централното градско подрачје во должина од над 1 000 метри и ги опфаќа улиците „Индустриска“ и ул „ЕДЕН“ во Централното градско подрачје. Со овој проект, конечно, се решава еден од најголемите инфраструктурни предизвици во овој дел на градот. Новата атмосферска канализациska мрежа во голема мера ќе ги зафаќа и атмосферските води од населбата Милково Брдо, а со тоа ставаме крај на деценискиот проблем со поплавите кои се случуваа и овие атмосферски води are спроведени во реката Брегалница.
-Со овој инфраструктурен проект поддржан од Владата на РМ преку Министерството за животна средина уште еднаш докажуваме дека работиме плански, посветено почитувајќи ги сите стандарди за вакви инфраструктурни проекти и обезбедуваме современи услови и создаваме безбедна и урбана средина, истакна Гоцевски.
Вредноста на овие работи изнесува 8,4 милиони денари цена со ДДВ, а изведувач на работите беше фирмата ВОД-ВАР Инженеринг.



