
Делчево, конечно, ќе добие скејт- парк, катче за младите за рекреација и забава и уште една понуда спакувана во туристичката приказна на Делчево.
Деновиве започнаа градежните работи за изградба на скејт-паркот. Имплементацијата на оваа активност е во рамки на проектот „Интегрирани through гранични туристички акции in регионот Благоевград-Делчево“ со финансиска помош од програмата Interreg VI-A IPA Бугарија – Северна Македонија 2021 – 2027. Вредноста на овој проект е 2.403.000 ден, а работите ги изведува фирмата ПАНЕЛ-М.
Градоначалникот Иван Гоцевски направи увид во почетните работи и нагласи дека Делчево го слуша гласот на младите и ги збогатува содржините за спорт и рекреација.
– Заедно со скејт-паркот се гради и кејот на река Брегалница возводно во должина од 300 метри со што се влијае врз потенцијалната опасност од поплави, а коритото на реката ќе се уреди со што ќе се промени сликата во централното градско подрачје, а ќе прерасне и во убаво место за рекреација. Покрај заштита на објектите од ерозија и поплави има за цел поврзување со спортскиот центар во Делчево и формирање на една целина која ќе биде во функција на спортот и рекреацијата. Ова се значајни инфраструктурни проекти кои влијаат врз квалитетот на животот на граѓаните во пограничниот регион, истакна Гоцевски.
Заедно со овие два градежни проекти во фаза на развивање е и Маркетинг- стратегија за популаризација на туристички производ и поголем број други активности поврзани со јакнење на капацитетите и промоција на двата прекугранични региони во функција на туризмот. Проектот се имплементира во партнерство со Општина Благоевград, Здружението Регионален центар за застапување од Делчево и туристичкиот оператор „Алфатур“ од Благоевград.



