
Денеска во кабинетот на градоначалникот Гоцевски беше одржана работна средба со директорот на Источно-планскиот регион, Трајче Здравков, на која се разговараше за продлабочување и унапредување на меѓусебната соработка помеѓу Општина Делчево и Источно-планскиот регион.
На средбата посебен акцент беше ставен на можностите за искористување средства од новите развојни фондови и програми. Целта е спроведување иницијативи кои ќе придонесат за економски развој, подобрување на инфраструктурата и унапредување на квалитетот на живот на граѓаните на Делчево.
Двете страни ја истакнаа заедничката заложба за интензивирање на соработката и навремено аплицирање на проекти, со цел обезбедување поголема поддршка и инвестиции за општината во наредниот период.



