Соопштение до физички и правни субјекти во Општина Делчево

Општина Делчево во рамки на своите законски обврски информира дека е започната постапка за отстранување бесправно изградени објекти на територијата на Општина Делчево. За таа цел веќе е спроведена јавна набавка за избор на економски оператор за отстранување бесправно изградени објекти преку Бирото за јавни набавки.

Ги информираме сите физички и правни лица коишто имаат бесправно изградени објекти на територијата на Општина Делчево дека е потребно да ги отстранат објектите на сопствен трошок. Во спротивно, надлежните служби ќе постапат кон присилно отстранување согласно with Законот за градење и Законот за инспекциски надзор, а трошоците околу присилното отстранување ќе бидат на товар на инвеститорот на бесправно изградените објекти.

Shares