
Новиот состав на Советот за социјална заштита на Општина Делчево денеска ја одржа својата Конститутивна седница на која беше избрано новото раководство на Советот. Со консензус на сите членови за претседател е избран Зоран Биковски, а за заменик-претседател Билјана Ѓеоргиевска.
На Седницата, новите членови на Советот се запознаа со активностите и мерките предвидени во Програмата за социјална заштита за 2026 г, а посебно внимание беше посветено на Планот за подготовка на Социјалниот план за период 2026-2030- значаен документ кој треба да ги опфати сите активности и мерки и услуги кои ќе се даваат на граѓаните.
Советот за социјална заштита ги има следните надлежности: изготвува Социјален план за подрачјето на Општина Делчево, врз основа на кој план Градоначалникот на Општина Делчево изготвува Годишна програма за социјална заштита, која ја донесува Советот на Општина Делчево по претходно мислење од Министерството за труд и социјална политика на РСМ, предлага локални мерки и активности за социјална заштита.
Новиот состав на Советот за социјална заштита е формиран со Одлука на последната Седница на Советот на Општина Делчево и е со мандат од четири години, а во него членуваат: Suzana Petrovska, претставник на Општина Делчево, Марија Аџиска, претставник на ОВР Делчево, ПС- ОН Делчево, Kristina Aralampievska, претставник на Основно јавно обвинителство Делчево, Спец. Др Biljana Georgievska, претставник на ЈЗУ Здравствен дом „Гоце Делчев„ Делчево, Александра Трајановска, претставник на ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи Делчево, Даниела Трајановскa претставник на Центар за вработување Делчево, Наташа Јаневска Колевска, претставник на СОУ „М.М.Брицо„ Делчево, Александра Гошевска, претставник на ООУ „Ванчо Прке„ Делчево, Verica Boinska, претставник на ООУ „Св.Климент Охридски„ Делчево, Ивана Ангеловски, претставник на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Делчево, Александар Николов, претставник на ЗГ „БРАВУРА КООПЕРАТИВА„ Делчево, Санела Момчилов, претставник на НВО КХАМ Делчево, Zoran Bikovski, претставник на Организација ЖЕНА Делчево, Презвитер Милан Ничевски, претставник на Делчевско – Каменичка епархија, Оџа Сефадин Селимовски, претставник на Исламска Верска Заедница Џамија „Фатих Мехмед II„ Делчево.
Инаку, ова е трет состав на Советот од првото формирање на Советот за социјална заштита на Општина Делчево во 2019 година. Досегашниот два состави на Советот за социјална заштита дадоа голем придонес за развој на социјалните услуги во општината и подготовката на Социјалните планови во период од 2020 до 2026 година.



