Советот на Општина Делчево ја одржа редовната 5 Седница

Советот на Општина Делчево денеска ја одржа својата 5 Седница на која се расправаше и се донесоа акти по 21 точка од предложениот Дневен ред.

На Седницата, советниците донесоа Одлука за прифаќање на донацијата дадена во добра и услуги од давателот на донацијата BIDI DOBAR A NJ NONPROFIT CORPORATION 0451161055, со седиште на 43 4 th STREET PEQUANNOCK, NEW JERSEY 07440. За донацијата ќе биде склучен посебен договор, помеѓу градоначалникот на Општина Делчево, како примател на донацијата и давателот на донацијата. Донацијата која се дава на Општина Делчево се состои во противпожарна опрема и тоа: 25 пара јакни; 25 пара панталони и 10 пара пожарникарски чизми.

На истата Седница беа донесени одлуки за определување на висината на надоместокот на членовите на Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈКП „Брегалница“-Делчево и на членовите на Управниот одбор на ЈКП „Брегалница“-Делчево. Согласно со одлуките: претседателот и членовите на Управниот одбор на ЈКП БРЕГАЛНИЦА Делчево имаат право на месечен надоместок за својата работа, врз основа на присуство на седници на Управниот одбор на JKP. Висината на месечниот надоместок изнесува 2.000,оо денари на претседателот на Управниот одбор на JKP и 1.500,оо денари на членовите на Управниот одбор; додека висината на месечниот надоместок изнесува 1.500,оо денари на претседателот на Надзорниот одбор на Јавното претпријатие и 1.500,оо денари на членовите на Надзорниот одбор на JKP.

 Советот на Општина Делчево го утврдand Предлогот за воспоставување меѓуопштинска соработка поднесено од градоначалникот на Општина Делчево за вршење работи и работни задачи во надлежност на Општината, Одделение за инспекциски надзор-инспекторат, овластен инспектор за патишта помеѓу Општина Делчево и Општина Штип. Утврдениот предлог will се достави до Општина Штип заради донесување Одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка. Исто така, на Седницата, советниците донесоа Одлука со која го утврдme too Предлогот за воспоставување меѓуопштинска соработка поднесено од градоначалникот на Општина Делчево за вршење работи и работни задачи во надлежност на Општината, Одделение за инспекциски надзор-инспекторат, овластен инспектор за домување помеѓу Општина Делчево и Општина Штип. Утврдениот предлог will се достави до Општина Штип заради донесување Одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка.

The Council of the Municipality of Delchevo даде согласност на Одлуката на Училишниот одбор во СОУ „М.М.Брицо“-Делчево за отуѓување електронски електричен отпад за кој сметководствената вредност е нула, а кој поради дотраеност, неупотребливост или технолошка застареност не се користи и не може да се дадат на користење, да се продаде или да се размени.

Советот на денешната Седница донесе Решение со кое за член на УО на Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа Делчево од Општина Делчево ја предложи Сузана Петровска. Советот даде согласност и на Одлуката на Управниот одбор на ЈКП„Брегалница"-Делчево за ставање под залог на подвижни предмети сопственост на ЈКП Брегалница-Делчево, како гаранција за обезбедување плаќање на даночен долг на рати.

Советниците едногласно ја донесоа Годишната програма на Локалниот младински совет на Општина Делчево за 2026 година;

На Седницата се донесоа и 10 одлуки со кои се утврди потребата од донесување урбанистичко планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат по барање на граѓани, а се донесе и Одлука за финансиска помош на Драган Георгиев од с. Илиово.

Shares