Јавна покана за традиционалната „Велигденска изложба 2026“

  • News

Општина Делчево ги поканува сите заинтересирани организации, институции, здруженија на граѓани и заинтересирани физички лица да земат учество на традиционалната „Велигденска изложба на творби“ која ќе се одржи на  09.04.2026 година, четврток, на платото пред Спомен- домот АСНОМ, Делчево со почеток во 12.00 ч.

И оваа година, очекуваме учесниците во манифестацијата да ги водат креациите во аранжирањето на штандовите, а потенцираме дека во рамките на манифестацијата ќе се одржи традиционалната Велигденска изложба на јајца, ликовна изложба на дела од ученици од локалните училишта на тема Велигден, како и други креации поврзани со празникот. Бидејќи, на Велики четврток по традиција останало да се вапцуваат велигденските јајца, ова е одлична прилика да ја покажете вашата умешност на дело, но и да бидете хумани, затоа што собраните приходи ќе бидат наменети во хумани цели. 

Прославата по повод големиот христијански празник Велигден, традиционално се организира во соработка со образовните институции во Општината, детската градинка „Весели цветови“, НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“, ЈЛБ „Илинден“ и здруженија на граѓани и локални институции.

Соодветна Комисија ќе ги оценува творбите, а за најдобрите, Општината обезбедува парични награди.

За време на изложбата ќе биде организиран концерт на културно-уметнички друштва.

Пријавата можете да ја симнете од веб-страницата на Општина Делчево и да ја поднесете електронски, или лично во Архивата на Општина Делчево.

(Контакт- лице од О. Делчево- Ванчо Новоселски, тел 070309630, email info@delcevo.gov.mk)

Shares