Заврши санацијата на пропустот покрај локалниот пат Делчево-Габрово

  • News

Жителите на с. Габрово организирани од МЗ на селото и со поддршка на Општина Делчево го санираа пропустот покрај локалниот пат Делчево-с. Габрово кој се закануваше да го поткопа локалниот пат Делчево-Габрово и редовно ги поплавуваше околните површини. Санацијата резултираше со поставување одвод за атмосферските води и изградба на шахта. Во акцијата се вклучија и претставници од Црковниот одбор на селото.

Ова е уште една самостојна активност на МЗ на ова село со која новоформираната МЗ реши неколку приоритети дефинирани на состаноците на МЗ.

За градоначалникот Гоцевски и оваа акција е добар пример како може иницијативите на граѓаните организирани преку месните заедници да се претворат во конкретни акции.

Shares