Советот на Општина Делчево ја одржа 8 Седница: Усвоена Завршната сметка на Буџетот за 2025

Советот на Општина Делчево денеска ја одржа 8 Седница на која се расправаше и се донесоа акти по 30 точки предложени на Дневниот ред за Седницата.

Советниците ја усвоија и Завршната сметка на Буџетот на Општина Делчево за 2025 година, а согласно со податоците, во текот на 2025 година, вкупните приходи во Буџетот се наплатени во износ од 424.070.323 денари, што претставува 90% од вкупно планираните приходи во вкупниот Буџет на Oпштината. Анализата на приходната страна на Основниот буџет покажува наплата  на 156.717.879 денари или 81,8% од вкупно планираните 191.558.725 денари.

Структурата на приходите во вкупниот буџет по економска класификација изгледа вака:

  • Даночни приходи- наплатени во износ од 60.532.998 ден-90,7%
  • Неданочни приходи : наплатени во износ од 8.225.082-68,7%
  • Капитални приходи:наплатени во износ од 3.095.550-42,6%
  • Трансфери и донации: наплатени во износ од 352.216.693-90,6%

Од вкупно планираните расходи во Буџетот за 2025  година, во износ од 474.434.976 денари, во вкупниот Буџет реализирани се 416.436.651 денари или 88%, додека во Основниот буџет од планирани 191.558.725 денари се реализирани  156.717.879 денари односно 82%. Капиталните расходи се планирани во износ од 117.515.291 ден., а се реализирани во износ од 92.587.330 ден. или изразено во проценти 78,7%, а во однос на вкупните расходи во Основниот буџет процентот е 22%.  Во 2025 година реализирани капитални расходи во износ од 92.587.330  ден.

Советниците ги усвоија и: Квартален извештај за извршувањето на Буџетот на Општина Делчево за квартал од 01.01.2025 до 30.09.2025 и Квартален извештај за извршувањето на  буџетот на Општина Делчево за квартал од 01.01.2025 до 31.12.2025, како и Годишниот извештај на Општина Делчево за 2025 година;

Советниците ги донесоа и следните одлуки:

-Одлуката за изразување интерес на општините и сопствено финансиско учество на општина Делчево во предлог проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“/ четврт циклус 2026-2027 /- Согласно со Одлуката, Општина Делчево ќе обезбеди 20% од сумата која што Општината ќе ја добие во вид на проектен грант за реализација на 1 приоритетен проект за заедницата избран преку партиципативен пристап – т.е. Форуми во заедницата. Финансиските средства кои избраните ЕЛС ќе ги добијат во рамки на овој повик, административно ќе се управуваат од страна на УНДП.

-Одлука за сопствено финансиско учество на Општина Делчево во предлог- проектот Унапредување на енергетската ефикасност in регионот through замена на јавно улично осветлување со ЛЕД осветлување (Smart Led lightening Project)”.  Со оваа Одлука се утврдува сопственото финансиско учество на Општина Делчево за предлог- проектот кој Центарот за развој на Источен плански регион ќе го аплицира за користење средства за финансирање проекти за развој на Источен плански регион од Програмата за рамномерен регионален развој за 2026 година, Министерство за локална самоуправа – Биро за регионален развој. Предвидениот буџет за реализација на проектот изнесува 5.064.560 денари, од кои 4.507.458.4 денари ќе бидат средства побарани од Програмата за рамномерен регионален развој за 2026 година, а износ од 557.101.6 денари или 11 % ќе ги кофинансира Општина Делчево од Буџетот на Општината за 2026 година.

-Одлука за сопствено учество на Општина Делчево во предлог-проектот „Регионален центар за згрижување и контрола на популација на кучињата скитници и ветеринарно здравство во Источен плански регион. Со оваа Одлука се утврдува сопственото финансиско учество на Општина Делчево за предлог- проектот „Регионален центар за згрижување и контрола на популацијата на кучиња скитници и ветеринарно здравство во Источен плански регион”, кој Центарот за развој на Источен плански регион ќе го аплицира за користење средства за финансирање проекти за развој на ИПР од Програмата за рамномерен регионален развој за 2026 година, Министерство за локална самоуправа – Биро за регионален развоj. Предвидениот буџет за реализација на проектот изнесува 5.172.760,00 денари, од кои 4.500.301,00 денари ќе бидат средства побарани од Програмата за рамномерен регионален развој за 2026 година, а износ од 672.459,00 денари или 13 % од вкупната вредноист на проектот, се средства предвидени за кофинансирање од страна на сите 11-те општини во состав на ИПР. Општина Делчево ќе кофинансира со износ од 61.133,00 денари, од Буџетот на Општината.

Меѓу другите одлуки, на денешната Седница беа донесени и: Одлука за  формирање Партиципативно тело на Општина Делчево; Советот ги усвои годишните извештаи  за реализација на Програмата за развој на Источен-плански регион за 2025 година и на Центарот за развој на Источен плански регион за 2025 година. Правилникот за начинот, условите, критериумите и постапката за доделување награди и признанија на Општина Делчево; Годишен извештај за реализирани активности од Годишната програма за 2025 година и Годишна Програма за работа на Општински Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Делчево за 2025 година; Решение за именување членови на УО на ЈЛБ „Илинден“;  Годишна сметка на ООУ „Ванчо Прке“ за 2025 година;  Годишна сметка на ООУ „ Св.Климент Охридски“ за 2025 година; Годишна сметка на СОУ „М.М.Брицо“ за 2025 година; Решение за именување на претставник на Министерството за социјала демографија и млади во Управниот одбор на ОЈУДГ „Весели Цветови“. Годишна сметка на ОЈУДГ „Весели Цветови“ за 2025 година; Извештај за реализација на Програмата за образование за 2025 година на Општина Делчево. Извештај за работата на ЈКП „Брегалница“-Делчево за 2025 година и Годишна сметка сметка на JКП „Брегалница“-Делчево за 2025.. Исто така, на Советот беа донесени повеќе одлуки од областа на урбанистичкото планирање.

 Советот на Општина Делчево даде согласност на Одлуката за утврдување на износот на надоместокот на трошоците за престој на деца што паѓа на товар на родителите бр.02- 64/9 од 23.03.2026, донесена од страна на Управниот одбор на ОЈУДГ „Весели Цветови“.

Shares