
Во насока на продлабочување на меѓуинституционалната соработка и зајакнување на институционалните капацитети, деновиве градоначалникот Гоцевски одржа работен состанок со заменик– директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Кашмир Салиу.
Во текот на средбата беа разгледани можностите за унапредување на координацијата и подготвеноста за справување со кризни и вонредни состојби, како и за реализација на заеднички активности и проекти од заемен интерес.
Соговорниците ја потврдија својата определба за континуирана и интензивна соработка, насочена кон унапредување на системот за заштита и спасување и обезбедување поголема сигурност за граѓаните.



