
Општина Делчево и Ромскиот културен и едукативен центар ТЕРНИПЕ –МК , ве покануваат на свеченоста по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на Ромите, под мотото „И ние сме дел од општеството“ што ќе се одржи вторник, 7 април, со почеток во 18.00ч во Спомен-домот АСНОМ.
- Презентација на ромската култура и традиција и на ромскиот јазик;
Програма на ученици од ООУ „Св.Климент Охридски“- ПУ во с. Тработивиште;
Презентација на фолклорната ромска традиција -изведба на балкански ромски танци на членовите од ТЕРНИПЕ-МК;
Промоција на блех-оркестарот составен од млади изведувачи;
Презентација на традиционалната ромска трпеза подготвена специјално за овој настан.
На свеченоста ќе се обрати градоначалникот Иван Гоцевски кој ќе ги додели традиционалните општински награди за најдобрите ученици Роми во трите образовни институции во Делчево, а ќе додели и благодарници и дипломи за учесниците во настанот.



