Средба на Гоцевски со генералниот секретар на Црвен крст, Саити

  • News

 Во пресрет на големиот настан за прослава на големиот јубилеј, 30 години од реализацијата на проектот за Хумани cредности (ЦКА-ПХВ) which претставува една од најзначајните младински програми на Црвениот крст на Македонија, но и доделување на освоените награди и пехарот за волонтерите од ОО на Црвениот крст Делчево, градоначалникот Гоцевски имаше средба со генералниот секретар на Црвен крст Македонија, д-р Саит Саити.

На средбата се разговараше за досегашната соработка меѓу Општина Делчево и Црвениот крст на Македонија, како и за можностите за унапредување на соработката и за идни заеднички активности во насока на поддршка на ранливите категории, но и поддршка на младинскиот волонтеризам и младинските иницијативи.

-Како одговорна локална власт градиме партнерство со Црвениот крст на Македонија. Ја цениме важноста на хуманата мисија на Црвениот крст  и даваме поддршка  на сите активности. Само со заедничка тимска работа се решаваат предизвиците, а нашата цел е да работиме за доброто на сите граѓани и да го слушаме гласот на младите, нагласи Гоцевски.

Градоначалникот Гоцевски на генералниот секретар на Црвениот крст на Македонија, Саит Саити, во знак на благодарност за поддршката на Делчево, кога на Делчево му беше најтешко за време на двете елемернтарни непогоди, но и за одличната соработка со Црвениот крст на Македонија му додели Благодарница.

Shares