
Советот на Општина Делчево на денешната Седница донесе Одлука со која се дозволува користење средства од тековната резерва од Буџетот на Општина Делчево за 2026 година во износ од 300.000 денари. Средствата од тековната резерва ќе бидат искористени за набавка на вода во шишиња за жителите на Општина Делчево поради настанат дефект-пукање на главна водоводна цевка со што е предизвикано прекин на водоснабдувањето на територијата на Општина Делчево. За искористените средства, градоначалникот е должен да поднесе Годишен извештај за користење. Средствата за оваа намена се озбезбедуваат од Буџетот на Општина Делчево за 2026 година, потпрограма Д0, потставка 413110-Тековна резерва (разновидни расходи).
На Седницата беше усвоен Statuteот на Општина Делчево-Пречистен текст, а беше донесена и Одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Делчево и Општина Штип заради заедничко вршење на работите од надлежност на општините во областа на инспекцискиот надзор, Одделение за инспекциски надзор– инспекторат, општински инспектор за патишта и општински инспектор за домување за потребите на Општина Делчево.
Советниците ја донесоа и Програмаand за измена и дополнување на Програмата за култура на Општина Делчево за 2026 година;
Во Програмата за култура на Општина Делчево за 2026 година на Советот на Општина Делчево, во точка 5.3– Протокол за спроведување настани, по точка 9 се додаваат нова точка 10 кој гласи: „10. Дел од настаните и културни манифестации со поголем обем предвидени во програмата можат да се организираат и реализираат преку делегирање на надлежностите од Општина Делчево на правни лица. Делчевско културно лето 2026 година како културна манифестација со поголем обем ќе се организира и реализира преку делегирање на надлежностите од Општина Делчево на правно лице согласно со Одлука за делегирање на надлежностите на Општина Делчево за организирање и реализирање на културна манифестација „Делчевско лето 2026 година“ по Програмата за култура на Општина Делчево за 2026
Воедно, на Седницата беше и донесена Decisionand за делегирање на надлежностите на Општина Делчево за организирање и реализирање културна манифестација „Делчевско лето 2026 година“ по Програмата за култура на Општина Делчево за 2026 година на правно лице;
Со оваа Одлука, Советот на Општина Делчево врши делегирање на надлежностите на Општина Делчево за организирање и реализирање на културнаand манифестација „Делчевско лето 2026 година“ according to Програмата за култура на Општина Делчево за 2026 година на правно лице.
Согласно со Одлуката, Градоначалникот на Општина Делчево ќе објави јавен повик и ќе склучи посебен договор со вршителот на делегираната надлежност за начинот и условите за вршење, and cрз основа на оваа Одлука, Советот на Општина Делчево ќе донесе Правилик за начинот и постапката за делегирање и извршување на надлежноста на Општина Делчево од областа на културата за организирање и реализирање на културна манифестација „Делчевско лето 2026 година“. За својата работа вршителот на делегираната надлежност поднесува наративен и финансиски извештај до Градоначалникот и Советот на Општина Делчево. Доколку вршителот на делегираната надлежност не поднесе извештај за тековната година или тој не е усвоен од Советот на Општина Делчево, договорот ќе бие раскинат.
Сите активности за вршење на делегираната надлежност вршителот ќе ги спроведува во координација со Комисија за организирање на настани и културни манифестации во Општина Делчево. Надлежноста од член 2 од оваа Одлука ќе се финансира од Буџетот на Општина Делчево за 2026 година, како и од донации и спонзорства.
Советниците го усвоија и Правилникот за начинот и постапката за делегирање и извршување на надлежноста на Општина Делчево од областа на културата за организирање и реализирање на културна манифестација „Делчевско лето 2026 година“; Делегирањето на надлежностите на правно лице за вршење на одредени работи од областа на културата се однесува на организирање и реализирање на културна манифестација „Делчевско лето 2026 година“ according to Програмата за култура на Општина Делчево за 2026 година, а се врши преку објавување јавен повик.
Советниците не дадоа согласност на Предлог- одлукаand за изменување на Одлуката за утврдување цени на услуги кои ги врши ЈКП „Брегалница“ Делчево бр.0202-461/3 19.06.2026; се донесе Одлука за давање на трајно користење на недвижни ствари „Пречистителна станица“ на Јавното комунално претпријатие „БРЕГАЛНИЦА“ Делчево Со оваа Одлука на Јавното комунално претпријатие „БРЕГАЛНИЦА“ Делчево се даваат: – Недвижна ствар „Пречистителна станица“, зграда број 2, површина од 363 m2, на КП број 120/1, сопственост на Општина Делчево, запишана во Имотен лист бр.1202 за КО Тработивиште;
– Недвижна ствар „Пречистителна станица“, зграда број 2, површина од 36 m2, на КП број 120/1, сопственост на Општина Делчево, запишана во Имотен лист бр.1202 за КО Тработивиште;
– Недвижна ствар „Пречистителна станица“, зграда број 3, површина од 36 m2, на КП број 120/1, сопственост на Општина Делчево, запишана во Имотен лист бр.1202 за КО Тработивиште и
– Недвижна ствар „Пречистителна станица“, зграда број 4, површина од 101 m2, на КП број 120/1, сопственост на Општина Делчево, запишана во Имотен лист бр.1202.
На Седницата, се донесе Одлука за давање согласност на СОУ „М.М.Брицо“-Делчево за формирање паралелки со помал број на ученици, а се прифати и донацијата од ДООЕЛ ИНОМАК од Делчево во висина од 3.000 ден. со цел поддршка за реализација на културни настани.



