Соопштение за почеток на дистрибуцијата на вода за пиење по определените пунктови

  • News

Општина Делчево ги информира граѓаните дека пристигнаа првите шлепери со вода за пиење обезбедени од Општина Делчево и од донаторот „Кожувчанка“. Водата ќе биде распределена по пунктовите и ќе се дистрибуира сукцесивно и согласно со потребите и барањата на граѓаните.

Во оваа прилика, апелираме до сите граѓани на Општина Делчево да го почитуваат редот при дистрибуцијаand на водаand за пиење и да се почитува утврдената динамика.

In соработка со ТППЕ Делчево, ЈКП „Брегалница“ Делчево и ОО Црвен Крст Делчево, are  организираat пунктовиte за достава на вода за домаќинствата:

 

ДОСТАВА НА ВОДА ЗА ПИЕЊЕ

Контакт телефон Општина Делчево: 033/411-550

Пункт бр. 1: Паркинг простор на раскрсницата помеѓу улиците „Питу Гули“ и „Македонска“ во населба Милково Брдо.

Пункт бр. 2: Паркинг простор на улица „Пере Тошев“ во населба Милково Брдо.

Пункт бр. 3: Паркинг простор на улица „Вера Јоциќ“, над гимназијата СОУ „М.М. Брицо“.

Пункт бр. 4: Раскрсница на улиците „Мито Хаџивасилев Јасмин“ и „Видое Смилевски Бато“, во населба Стар Расадник, во непосредна близина на новата детска градинка.

Пункт бр. 5: Раскрсница на улиците „Острец“ и „Илинденска“ (пред продавница „Шака Лака“) во населба Маџир Маало.

Пункт бр. 6: Раскрсница на улиците „Јане Сандански“ и „Солунска“ во населба Први Реон.

Пункт бр. 7: Раскрсница на улиците „Солунска“ и „Брегалничка“, кај Џамијата во населба Втори Реон.

Достава на техничка вода

Контакт телефон – Дежурна линија на ТППЕ Делчево: 193

Пункт бр. 1 – 12:00 часот секој ден: Раскрсница на улиците „Голачка“ и „Иво Лола Рибар“, кај маалската продавничка на Извор Комит во населба Први Реон.

Пункт бр. 2 – 13:30 часот секој ден: Раскрсница на улиците „Солунска“ и „Брегалничка“, кај Џамијата во населба Втори Реон.

Пункт бр. 3 – 15:30 часот секој ден: Раскрсница на улиците „Острец“ и „Илинденска“ (пред продавница „Шака Лака“) во населба Маџир Маало.

Пункт бр. 4 – 17:30 часот секој ден: Улица „Видое Смилевски Бато“, каде се реализира „Расадничка вечер“.

Пункт бр. 5 – 19:30 часот секој ден: Детско игралиште на улица „Вељко Влаховиќ“.

Shares