СООПШТЕНИЕ за Информативен ден за мерката вработување и раст на правните субјекти

Општина Делчево ги информира сите стопанственици, идни претприемачи и невработени лица дека утре во Делчево, вторник, 21.07.2026г. со почеток во 12.30 ч, во Спомен-дом АСНОМ, ќе се одржи Информативен ден за мерката вработување и раст на правните субјекти, а директно на вашите прашања ќе одговараат заменик-министерот за економија Марјан Ристевски и претставници од Агенцијата за вработување и од Општина Делчево.  

На презентацијата изворно ќе се запознаете со Оперативниот план за вработување, посебно актуелната мерка ПОДДРШКА ЗА КРЕИРАЊЕ НОВИ РАБОТНИ МЕСТА кој е насочена за компаниите.

Основна цел на мерката е поддршка во креирање нови работни места во микро, мали и средни претпријатија, социјални претпријатија и граѓански организации.

Првата поддмерка е „Вработување и раст на правни субјектипреку која ќе се поддржат компании финансиски за вработување лица, а вкупниот опфат изнесува 1385 лица. Вкупниот буџет за оваа мерка е околу 5,4 милиони евра!

Секое ново вработување значи повеќе можности за нашите сограѓани, а секоја успешна компанија е двигател на развојот на целата општина.

Општина Делчево и понатаму ќе биде активен партнер во сите процеси што значат економски напредок, отворање нови работни места и задржување на младите во нашиот град.

Shares