ИЗВЕСТУВАЊЕ до жители на улица „Петрашевска“ и дел од ул.„Чифличка“ во населба Стрелиште во Делчево

To

Жители на улица „Петрашевска“ и

дел од ул.„Чифличка“ во населба Стрелиште во Делчево

 

Subject:  NOTIFICATION

 

Dear,

 

Општина Делчево ги известува сопствениците на објекти и градежни парцели лоцирани на улица „Петрашевска“ и дел од ул.„Чифличка“ во населба Стрелиште во Делчево, на кои е планирано да бидат вршени градежни работи за поставување на фекална канализација и изградба на улиците. Доколку жителите се уште не ги обезбедиле потребните приклучоци за фекална канализација или други инфраструктурни приклучоци (цевки за приклучување на канализациите, поставување кабловници или промена на постоечките итн.), потребно е да ги обезбедат најдоцна до 30 август оваа година.

По асфалтирањето на улиците и во периодот на гаранција на улиците, прекопувањето и поставувањето на инсталациите нема да биде дозволено.

По завршување на гарантниот период,  обезбедувањето на приклучок за наведените комунални инсталации предвидени за уредување на градежните парцели ќе биде согласно Програмата за уредување на градежно земјиште, при што ќе биде наплатен соодветен надоместок на сопственикот/корисникот на локацијата, а работите кои се однесуваат за враќање на прекопот во првобитната состојба ќе бидат на терет на сопственикот/корисникот на градежната пацела.

 Доколку има потреба од изградба на потпорен ѕид согласно Програмата за уредување на градежно земјиште, трошоците за пристап до дворно место, потпорни ѕидови и слично паѓаат на товар на корисникот/сопственикот на локацијата.

 За технички податоци и услови потребни за обезбедување на приклучоците контактирајте ги одговорните лица во надлежните оператори на инсталациите (ЈКП „Брегалница“ Делчево, ЕВН КЕЦ Делчево и други).

 Изведувањето на недозволени дејствија во трупот на пат или улица казниво е согласно Законот за јавни патишта.            

 With respect,

MUNICIPALITY OF DELCEVO

                                                                                                                                           Mayor

      Иван Гоцевски

Shares