Паметник за духовното наследство во дворот на црковниот храм „Св. Кирил и Методиј“

  • News

Во дворот на црковниот храм „Св.Кирил и Методиј“ е поставен споменик во кој се содржани податоци за Делчевско-каменичката епархија, информации за светилиштата во Епархијата и биографија за епископот на Делчевско –каменичката епархија, г-ин Марко.

Со поставувањето на овој паметник содржински се надополнува уникатнiot парк „Македонија“ кој има духовно, културно и едукативно значење и во кој се поставени 27 мермерни плочи од кои на 26 има библиски цитати, каде што се споменува Македонија. Овој простор претставува симболичен спој на верата, историјата и македонскиот идентитет.

Општина Делчево, преку наменската сметка за донации, обезбеди средства за поставување информативни табли во овој прекрасен простор. Вредноста на донацијата изнесува 208.700 денари, односно 246.266 денари со ДДВ.

 Како што истакна градоначалникот Гоцевски, вредноста на едно дело не се мери во денари. Се мери во она што го оставаме зад себе за нашиот град, за нашата Црква и за генерациите кои доаѓаат.

Постојат места кои не се само дел од градот, туку се дел од нашите спомени, нашата вера и нашето заедништво. Токму таков е просторот околу црквата „Св. Кирил и Методиј“ и парк „Македонија“ во Ново Делчево. Но, од срце сум благодарен на Делчевско-каменичкиот епископ г. Марко за искрената соработка, меѓусебната почит и поддршката што ја градиме. Кога сме обединети околу доброто, можеме да направиме многу повеќе за Делчево и за нашите сограѓани. Нека продолжи оваа убава соработка и нека нè обединува желбата да создаваме, да чуваме и да оставаме вредности зад нас. За Делчево. За нашата Црква. За сите нас- нагласи Гоцевски.

Shares