СООПШТЕНИЕ ДО МЕСНИТЕ И УРБАНИТЕ ЗАЕДНИЦИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИОРИТЕТИТЕ ЗА 2027 ГОДИНА

Се известуваат граѓаните на Општина Делчево дека е во тек подготовката на програмите за работа на Општината за 2027 година. Со цел да се обезбеди инклузивен процес на планирање и да се земат предвид реалните потреби и приоритети на граѓаните, потребно е граѓаните да се обратат до претседателите и членовите на советите на месните и урбаните заедници во Општина Делчево.

Во таа насока, се повикуваат претседателите и членовите на советите на месните и урбаните заедници да одржат состаноци на кои ќе се разгледаат предлозите, потребите и приоритетите на граѓаните од нивните населени места и урбани заедници најдоцна до 28.10.2026.

Целта е преку активно учество на граѓаните да се утврдат конкретни предлози и приоритети на жените и мажите од населеното место кои ќе бидат земени предвид при подготовката на општинските програми за работа и Буџетот на Општина Делчево за 2027 година.

При утврдувањето на приоритетите, потребно е особено внимание да се посвети на потребите поврзани со инфраструктурата, комуналните услуги, уредувањето на јавните површини и другите прашања од значење за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.

По одржаните состаноци, утврдените предлози и приоритети треба да бидат доставени до Општина Делчево, за нивно разгледување и соодветно земање предвид во процесот на подготовка на програмите и буџетот за наредната година.

Општина Делчево ги охрабрува граѓаните активно да се вклучат во овој процес, да ги искажат своите потреби и предлози и да придонесат во креирањето на локалните политики.

Само преку заедничко планирање и активно учество на граѓаните можеме да ги утврдиме вистинските приоритети и да создадеме подобри услови за живот во сите населени места и урбани заедници на Општина Делчево.

Shares