
Советот на Општина Делчево денеска ја одржа својата редовна 19 Седница на која се расправаше и се донесоа акти по 14 точки предложени со Дневниот ред за Седницата.
На Седницата, советниците донесоа Одлука за усвојување на Стратегијата за одржлив економски развој на Општина Делчево за периодот 2026-2031. За реализација на мерките, активностите и проектите утврдени во Стратегијата и Акцискиот план, средствата ќе се обезбедуваат од Буџетот на Општина Делчево, како и преку донации, фондови од Европската Унија, централниот буџет и други извори финансирани од домашни и меѓународни организации.
Советот донесе Одлука за основање на Урбана заедница на населбата ПРОЛЕТ, која се основа заради:
-Решавање на прашањата од комуналната инфраструктура за соодветното подрачје; Изградба и одржување на објектите од јавен интерес (водоводи, улици, културнидомови, спортски објекти и др.);
– Заштита на животната средина и природата;
– Покренување иницијатива за уредување на просторот;
– Организирање културни, спортски, забавни и други манифестации и
– Други работи од непосредно секојдневно значење за животот и работата на граѓаните. Советот на облиците на месна самоуправа дава иницијатива и предлози до надлежните органи на општината, за прашања од областа на образованието, здравството, социјалната заштита и други прашања од интерес на граѓаните.
Советниците донесоа Одлука со која се овластува градоначалникот на Општина Делчево, во име и за сметка на Општината да го потпише Меморандумот за разбирање помеѓу Општина Делчево и Операција Флоријан, добротворна организација во Обединето Кралство (Operation Florien). Предмет на Меморандумот е регулирање на меѓусебните односи, права и обврски на потписниците во рамките на реализација на проектот за јакнење на капацитетите и развојот на Противпожарната служба на Општина Делчево. Со донесувањето на оваа Одлука, Општина Делчево ја возобновува соработката со добротворната организација од Обединетото Кралство во насока на јакнење на капацитетите на ТППЕ во Делчево.
Советот донесе Decision за доделување признание за општествена одговорност и хуманизам на Огнен Малешевски како израз на почит и благодарност за неговиот чесен, совесен и одговорен чин кој претставува позитивен пример за граѓаните и пошироката заедница. Признанието се доделува за покажана висока свест за моралните вредности, чесност, одговорност и почитување на општествените норми, како и за личниот пример со кој се промовираат хуманоста, интегритет и позитивните вредности воз аедницата.
Советот на денешната Седница одобри кофинансирање на реконструкција на кровната зграда бр.1 и зграда бр.4 на КП бр.7132 КО Делчево (старата општинска зграда) во рамки на тековното одржување на објектот со цел продолжување на неговата употребна вредност. Согласно со Одлуката, Општина Делчево ќе обезбеди кофинансирање од најмалку 27,85% од трошоците за градежните активности за реконструкција на кровот во рамки на тековното одржување на објектот со цел продолжување на неговата употребна вредност.
Република Северна Македонија (преку корисниците на објектот кои се согласни да учествуваат во кофинансирањето) ќе обезбеди процентуално кофинансирање од 66,8% и целосно финансирање за 11м2 (за објект бр.4) и ТДПУ ТРЕНД-КОМ ДООЕЛ ЕКСПОРТ-ИМПОРТ ќе обезбеди процентуално кофинансирање од 5,35% за предвидените градежни активности. Изработката на техничката документација за реконструкција на кровот (основен проект и ревизија) ќе ја обезбеди Општина Делчево.
Проектирана вредност на реконструкцијата на кровот на зградата бр.1 на КП бр.7132 КО Делчево изнесува 3.222.875 денари со вклучен ДДВ и на зграда бр. 4 на КП бр.7132 КО Делчево изнесува 117.882 денари со вклучен ДДВ.
Советот донесе Одлука со која се одобрија финансиски funds на Македонското културно здружение „Македонска Зора-93“ –од Офенбург, Република Германија во износ од 30.000 денари. Средствата ќе бидат наменети за набавка на детска литература (басни, сликовници, детски романи, лектири и сл.), наменета за децата од предучилишна и училишна возраст на наши иселеници во Офенбург, Република Германија.
Советот донесе Одлука за спонзорство во износ од 60.000 денари на КК ПАТРИОТ 2016 ДЕЛЧЕВО. Средствата ќе бидат наменети за плаќање на термините за користење на спортската сала при СОУ „М.М.Брицо“-Делчево.
Советот на Седницата расправаше и донесе соодветни акти и по Кварталниот извештај за извршувањето на Буџетот на Општина Делчево за квартал 2; Извештај за јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата на подрачјето на Општина Делчево; Решение за разрешување и именување член на Комисијата за статут и прописи; Решение за разрешување и именување член на Комисијата за јавни дејности; Одлука за давање согласност на Измената на Годишен план за вработување на Општина Делчево за 2026 година; Одлука за давање согласност на Измената на Годишниот план за вработување на ЈЛБ „Илинден“-Делчево за 2026 година; Одлука за измена на Одлуката за за утврдување надоместок за прекопување на општинските патишта, улици и тротоари на подрачјето на Општина Делчево;



