Средба на градоначалникот Гоцевски со државниот секретар на Министерството за локална самоуправа, Стојановиќ

  • News

Во пресрет големиот настан за одбележување на Денот за соработка со ЕУ и Интерег- ИПА Програмата во Делчево, градоначалникот Иван Гоцевски оствари работна средба со Владимир Стојановиќ, државен секретар во Министерството за локална самоуправа.

На средбата се разговараше за прашања од значење за функционирањето на локалната самоуправа, можностите за унапредување на соработката меѓу Општина Делчево и Министерството за локална самоуправа, како и за поддршката на локалниот развој и реализацијата на проекти во интерес на граѓаните.

Во фокусот на разговорите беа можностите за поефикасна институционална соработка, искористување на достапните програми за поддршка на општините и унапредување на капацитетите на локалната самоуправа за успешно спроведување на развојните приоритети.

Општина Делчево останува посветена на активна соработка со државните институции, со цел создавање подобри услови за развој на општината и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

Shares