Гоцевски на Jавниот форум „Жените знаат што им треба“: Женските иницијативи треба да станат дел од локалните политики и буџети

  • News

Градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, денеска учествуваше како панелист на Јавниот форум „Жените знаат што им треба“, кој се одржа во Штип, во организација на Здружението „Гласен Текстилец“ од Штип и Хелсиншкиот комитет за човекови права, во соработка со Актива – мрежа за правични буџети.

Форумот беше посветен на потребите и приоритетите на жените, нивното учество во локалните процеси на одлучување и унапредувањето на родово одговорното буџетирање, со цел женските иницијативи и предлози да добијат институционална поддршка и да се преточат во конкретни локални политики и решенија.

Во рамки на панел-дискусијата, градоначалникот Гоцевски ги презентираше искуствата и практиките на Општина Делчево во унапредувањето на еднаквите можности, поголемото учество на жените во процесите на одлучување и вклучувањето на родовата перспектива во општинските програми и планови.

Тој истакна дека во Делчево континуирано се работи на создавање услови за поголема застапеност на жените во раководните структури и локалните тела, а посебен акцент во излагањето беше ставен на конкретните иницијативи што произлегле од разговорите со жените и граѓанскиот сектор, а кои Општина Делчево ги преточила во мерки и активности.

Како примери беа посочени еднократната финансиска помош од 10.000 денари за онколошки пациенти, финансиската поддршка од 20.000 денари за семејствата со деца со мускулна дистрофија, како и формирањето на Локалното мултисекторско координативно тело за борба против семејното и родово базираното насилство. Посебно е значајно учеството на жените во работата на месните и урбаните заедници како основна клетка во една локална самоуправа. Делчево за прв пат во историјата на постоењето има три жени претседателки на овие тела и 15 чени членки на советите.

Градоначалникот ја истакна и важноста од редовната комуникација со жените од руралните средини, од каде што произлегуваат иницијативи за подобрување на условите за живот во населените места.

–Особено внимание беше посветено на иницијативата за набавка на мамограф за потребите на Здравствениот дом во Делчево. Ова барање, кое со години беше посочувано од жените како значаен здравствен приоритет, сега добива конкретна институционална поддршка. За набавката се обезбедени 13,4 милиони денари од Владата, склучен е договор со економски оператор и се очекува мамографот да биде ставен во функција до крајот на годината. Со оваа инвестиција ќе се подобри пристапот до здравствени услуги за жените од Делчево и поширокиот регион, нагласи Гоцевски.

Учеството на градоначалникот Гоцевски на форумот претставува можност за споделување на локалните искуства и добри практики, но и за потврдување на определбата на Општина Делчево дека потребите на жените треба да are препознаваат and да се вклучени во креирањето на локалните политики, програмите и буџетските приоритети.

„Еднаквите можности не се само принцип што треба да го декларираме, туку обврска што треба секојдневно да ја исполнуваме. Кога ги слушаме жените и ги поддржуваме нивните иницијативи, инвестираме во подобар квалитет на живот за сите граѓани“, е пораката на градоначалникот Гоцевски.

Shares