
Во детската градинка „Весели цветови“ интензивно се изработуваат новогодишни украси и најразлични новогодишни креации кои ќе бидат дел од новогодишното празнично украсување на градот. Дечињата и вработените во градинката, први одговорија на иницијативата од градоначалникот за новогодишно украссување на градот и наместо готови украси, годинава новогодишниот сјај yes го создаваат самите делчевци, а во главната улога ќе бидат најмладите.
–Токму нивната посветеност нè потсетува дека најубавите нешта се создаваат заедно, со љубов и со срце. Оваа година, Делчево ќе блесне не само во новогодишни светилки, туку и во детската креативност, насмевки и заедништво. Да ја создадеме заедно најубавата новогодишна приказна за нашето Делчево, нагласи Гоцевски



