The humanitarian action of the Delcevo companies continues: "We want to thank you for everything you do for us"

  • News

Пластични заштити на лице изработени во делчевската фирма „Брегал“ од денеска се дистрибуираат во инфективните болници во сите градови на државава. Со порака „Сакаме да ви се заблагодариме за сѐ што правите за доброто на сите“, пластични заштити ќе добијат болниците каде веќе се лекуваат болни од коронавирус, како Инфективната клиника Скопје, болниците во Тетово, Штип, Охрид, Дебар, Куманово, Клиниката за гинекологија Скопје, болницата „8 Септември“ Скопје, како и Општата болница во Кочани и Здравствениот дом во Делчево. Досега се изработени над 200 вакви пластични заштити, но се планира производството на овие пластични заштитни маски да продолжи и во иднина и согласно со потребите.

Во големата акција за набавка на заштитни средства потребни во борбата со коронавирусот се вклучија и  фирмите „Форстек“, „Фротекс-компани“, „ВАМ-консалтинг“, „Хит Дизајн“ и  ДТ „Камче“ кои обезбедија дезинфициенси и ракавици, додека „Витекс“ набави маски за лице. Сите овие средства за заштита, мобилни екипи на Општина Делчево во текот на денешниот ден ќе ги поделат на службите кои во екот на заразата се во првите линии.   

Инаку, претходните денови, во акцијата се вклучија и фирмта „Алпин-ком“, „Фротирка –Компани“,„Дамјанов“, „Игматекс“, „Милтекс-кал“ кои изрботуваат над 10.000 маски. Сите одговорија и се вклучија во големата акција во Делчево иницирана од Општина Делчево и градоначалникот Трајковски кој повика на солидарност и одговорност во борбата со невидливиот непријател, а со цел заштита на сите вработени од надлежните институции кои се први на удар на заразата, но и на сите граѓани во Делчево.

Shares