The aid is distributed in protective equipment

  • News

Мобилни екипи на Општина Делчево денеска започна со дистрибуција на средствата за заштита собрани од донацијата од Општина Делчево и делчевски фирми. Донацијата се состои од маски и дезинфициенси, а таа се распределува до институциите кои во овој период на вонредна состојба се активни и работат на превенција и заштита на населението од појава на заразата од коронавирусот.

Распределувањето ќе се одвива во фази, а денеска со акцијата се опфатени службите: ТППЕ Делчево, Граничен премин и Царинска испостава Делчево, ЦЗЈ ПЕ Делчево, ДЗС, ЦУК, Центар за социјални работи, Агенција за вработување, Дневен центар за лица со посебни потреби, Основно јавно обвинителство, Основен суд, Комерцијална банка, Уни банка, Стопанска банка, Пошта и ОО на Црвен крст Делчево.

Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, информирше дека во следната фаза ќе бидат опфатени и Здружението на пензионери, како и образвните институции, Здравствениот дом, Центарот за дијализа, ПС Делчево, ЈКП „Брегалница“, Македонија пат, ПИОМ, ФЗО, УЈП, Шумска полиција, Кататстер, односно сите институции кои работат со странки, а ќе се поделат маски за сите вработени во овие служби. Помошта ќе се надополнува и со потребните ракавици кои се во фаза на набавка.

-Уште еднаш изразувам јавна благодарност до сите фирми кои се вклучија во оваа голема акција. Во ова време на криза кога здравјето на поединецот е над сѐ и пред сѐ, потребно е секој со личен пример да покаже одговорност и солидарност. Само сите заедно ќе излеземе побединици во борбата со пандемијата во 21-от век, ова е борба на сите нас, истакна Трајковски.

Трајковски истакна и дека Општина Делчево со своите служби ќе продолжи со активностите за заштита од заразата и наредниот период, а граѓаните да останат дома и да ги почитуваат мерките и препораките од Владата за превенција од заразата со Kовид 19.

Shares