Повторна дезинфеција на јавните објекти во Делчево

  • News

Со цел превенција од појавата на заразата од Ковид 19 на територијата на Делчево, денеска екипи на ТППЕ Делчево продолжија со акцијата за дезинфекција на јавните објекти. Со акцијата денеска беа опфатени маркетите, аптеките, банките, продавниците и други објекти каде вообичаено има поголема фреквенција на луѓе. Акцијата за дезинфекција на јавните објкети и површини се одвива во континуитет и во неа, освен екипи на ТППЕ, се вкучени и екипи на ЈКП „Брегалница “ од каде за реализација на мерките за превенција од појава и ширење на заразата од коронавирусот е набавен 1 тон хлор.

Shares