Delchevo marks 117 years since the death of Goce Delchev

  • News

Со пригодна свеченост организирана од Општина Делчево и во услови на вонредна состојба, а по повод 117-годишнината од смртта на Делчев, Делчево го одбележа датумот на убиството на патронот на градот кој на денешен ден во 1903 беше убиен од турската војска во селото Баница.

По тој повод, пред споменикот на револуционерот во центарот на градот се поклонија и свежо цвеќе положија делегација од Општина Делчево предводена од градоначалникот Горан Трајковски, делегација од Советот на Општина Делчево, предводена од претседателот на Советот, Драган Маневски, како и претставници на политички партии, институции и здруженија на граѓаните. Во рамките на одбележувањето, членовите на КУД „Гоце Делчев“ прочитаа реферат за животот и делото на Делчев.

Градоначалникот Горан Трајковки истакна дека Делчево со гордост го носи името на македонскиот револуционер, а оваа година се одбележуваат јубилејни 70 години од именувањето на тогашно Царвео Село по великанот Делчев.

– Како следбеници на  ликот и делото на Делчев ги промовираме неговите заложби и работиме да го изградиме нашиот град достоен носител на неговото име. Во овие вонредни околности, сите планирани културни настани со кои сакавме да ја покажеме честа на делчевци кон својот патрон, се одложени, но како градоначалник испраќам порака дека Делчево, поминувало низ многу премрежја, но од секоја битка излегувал посилен и бил победник.  Верувам дека и денеска, со истрајност и одговорност кон личното здравје, кон здравјето на своето семејство и на секој сограѓанин, повторно заедно ќе  прославуваме победа и ќе го продолжиме развојот на нашиот убав град покрај Брегалница, рече Трајковски.

Shares