Firefighters' Day marked

  • News

По повод Денот на пожарникарите, 20 Мај, денеска градоначалникот на Општина Делчево ја посети ТППЕ Делчево. На средбата со пожарникарите, градоначалникот Трајковски честитајќи им го Денот на пожарникарите, изрази задоволство од професионалноста, нивната експедитивност, ефикасност и пожртвуваност, а пред сѐ, за нивната одговорност во спроведување на мерките за превенција од болеста ковид 19 на територијата на Делчево.

-Овој ден кој е посветен на пожарникарите од нашата држава е одличен повод, јавно да се заблагодарам за професионализмот и одговорноста на делчевските пожарникари. Секогаш први во заштитата на граѓаните и нивниот имот и во овој кризен период, покажаа дека се на висината на својата задача. Нивната улога во дезинфекција на улиците, јавните површини и објекти е клучна во спре;ување на појавата на ковид 19 во Делчево. Како градоначалник изминатиов период вложував напори и инвестиравме во подобрување на условите за нивниот работен престој во единицата, а минатата година обезбедивме и опрема за лична заштита на делчевските пожарникари. Заложбите за подобрување на техничката опременост на единицата остануваат и понатаму мои приоритети, рече Трајковски.

Традиционално по повод Денот на пожарникарите, Трајковски ја додели и наградата за најдобар пожарникар. Годинава на предлог на пожарникарите  за најдобар пожарникар е прогласен Миле Тодоровски пожарникар кој има над 30 години работен стаж.

Денот на пожарникарите 20 Мај е ден на пожарникарството во Република North Macedonia. На овој ден во 1836 година во Битола е формиран првиот противпожарен одред. Во светски рамки денот на пожарникарите се слави на 4 мај во сеќавање на пожарникарите кои го изгубиле животот во борба со огнената стихија.

Пожарникарството во Делчево испишува history of 7 decades of operation. Првото доброволно противпожарно друштво formed by Ilija Damjanov Krstevski from Delcevo in the 50s, po what is formed the first unit led by Commander Nikola Dimitrovski.

Shares