Нови биографии и мемоари во делчевската библиотека

  • News

ЈЛБ„Илинден“ in Delchevo е побогата со нови наслови кои се од жанрот на биографии и мемоари на  светски познати личности. Меѓу рафтовите на библиотеката сега можат да се најдат „Волшебникот-животот и времето на Никола Тесла“  од    Марк Џ. Сајфер, „Жаклин Бувие Кенеди Оназис – нераскажана приказна“ од Барбара Леминг, „Алберт Ајнштан –животот каков што го гледам“ во издание на Нампрес, „Живот писма и поезија  Микеланџело“, исто така, во издание на Нампрес, потоа биографијата за Шарл Де Гол, Одри Хепберн, Медлин Олбрајт, Достоевски, Бах.

Интересот кај читателите за овој жанр литература бил иницијатор за набавката на новите наслови и, како што истакнува директорката на библиотеката, Билјана Петровска, овој вид литература во иднина ќе биде почесто застапена во набавките.

Библиотеката располагаше со многу мал број биографии и на барање на нашите читатели набавивме неколку нови, а во иднина ќе се потрудиме , автобиографиите and биографиите во библиотеката, да ги имаме во што поголем број. Од она што досега го имавме како биографија во библиотеката,читателите најмногу ги бараа оние на Киро Глигоров и Борис Трајковски, истакна Петровска.

Од почетокот на годината до крајот на месец август, ЈЛБ„Илинден“ потрошила 232.576 денари за набавка на книги. На полиците на библиотеката ги има скоро сите нови наслови од скоро сите издавачки куќи. Сепак, на барање на читателите, најмногу нови наслови се набавени од „Сакам книги“ и „Матица“. Библиотеката има добра соработка и со другите издавачки куќи: „Culture",Три", „Антолог", „Арс Ламина“, „Македоника литера“ и други. Инаку, во текот на летниот период читателите најмногу се интересираа за делата на Фицек, Нада Стоилковиќ, Лусинда Рајли, Милјана Павловска, Јелена Бачиќ Алимпиќ, Сара Џио и, стандардно, делата од Стив Бери, Баркли, Ден Браун.

Shares