Одбрани приоритетите на онлајн-форумот „Низ женски леќи“

  • News

Одбрани 30 приоритети за решавање во рамките на трите сесии од онлајн-форумот во заедницата кој се организираше како дел од проектот „Низ женски леќи: покревање политики и буџетски иницијативи, следење на локалните акциски планови за родова еднкавост".

Форумот беше во организација на Општината Делчево и Центарот за истражување и креирање политики, Лулуди, Рурална коалиција, Новинари за човекови права и ЕХО-Штип, а во него активно се вклучија 50-ина граѓани на Делчево, претставници од Општина Делчево и Комисијата за еднакви можности, претставници од институции и граѓански организации.

Целта на реализацијата на Форумот во заедницата беше идентификување на специфичните потреби и приоритети на граѓаните од сите групи во Општина Делево, а со цел обезбедување услови за приоретизирање на програмите и проектите, како и истовремено подобрување на структурата на програмите во Општината.

Љупка Трајановска од Центарот за истражување и креирање политики истакна дека одбраните приоритети, имплементирачките организации ќе ги застапуваат пред Општината.

-Општина Делчево е првата општина каде започнуваat овие форумите, во чии рамки ги мобилизиравме граѓаните за да можеме да ги слушнеме нивните потреби и приоритети. Сите проекти ќе бидат преточени во предлог политики и буџетски иницијативи кои во наредниот период ќе ги застапуваме пред општините, со цел креирање прироритети и остварување на дел од нив, истакна Трајановска.

Со реализацијата на овој форум се добива јасна слика кои се приоритетите на мажите и на жените во Делчево, потенцираше Сузана Петровска координаторка на Комисијата за еднакви можности при Општина Делчево.

-Нашите очекувања се остварени во целост, најпрво, од бројноиста од учеството на граѓаните на форумите и од приоритетие и решенија кои граѓаните ги нотираа. Ние ќе се потрудиме да ги прифатиме сите предлози од овој форум во нашите програми и се надевам дека со буџетот за следната година барем половина ќе бидат реализирани, истакна Петровска.

Одржувањето на овој форум на заедницата е дел од активностите и политиките и на Општина Делчево за поголема вклученост на граѓаните во креирање на програмите и политиките на Општината и поттикнување на граѓанскиот активизам, во насока на градење транспарентна општина.

Shares