Одбрани најдобрите делчевски матуранти. Милена Начевска е првенец на гнерацијата

  • News

Комисијата од СОУ „М.М.Брцо“ ги одбра десетте најдобри матуранти од делчевскиот средношколски центар. На листата 10 најдобри матуранти од 90 матуранти кои годинава го завршија средното образование во СОУ „М.М.Брицо“, се:

1.            Милена Начевска

2.            Бојана Трајковска

3.            Фросина Мулачка

4.            Елеонора Трајанова

5.            Сара Станоевска

6.            Марта Тасева

7.            Моника Гоцевска

8.            Марија Дончевска

9.            Ѓеоргина Витанова

10.          Анисија Ковачка

Согласно критериумите за избор на првенец на генерацијата, Комисијата  оваа титула ја додели на  Милена Начевска од IV-1 клас.

Поради актуелната пандемија и за оваа генерација матуранти е откажана матурската прослава, како и наградното патувањето низ Европа, награда која традиционално ја доделува Општина Делчево на 10-те најдобри матуранти во СОУ „М.М.Брицо“.

Наместо традиционалната и планирана екскурзија низ Европа,најдобрите матуранти ќе добијат парични награди од Буџетот на Општина Делчево за поддршка на млади таленти. Одлуката на предлог на градоначалникот Горан Трајковски и оваа година треба да ја усвои Советот на Општина Делчево, по што најдобрите матуранти од СОУ „Методи Митевски – Брицо “ – Делчево ќе добијат парична награда во износ од 20.000 денари. Ученикот на генерацијата добива и стипендија во износ од 3000 денари во текот на 9 месеци.

Генерацијата 2017-2021 г во СОУ „М.М.Брицо“ е 60-та генерација од отворањето на делчевската гимназија.

Shares