Со симулациска вежба за гаснење пожар во детската градинка-одбележан Денот на пожарникарите. Лоренцо Трајановски најдобар пожарникар

  • News

Со успешно спроведена симулациска вежба за гаснење пожар во детската градинка „Весели цветови“, делчевските пожарникари го одбележаа Денот на пожарникарите и ја покажаа својата ефикасност, ефективност и професионалност.

По дојавата за пожар во детската градинка, ТППЕ Делчево реагираше 14 пожарникари со два камиони автоцистерни, командно и навално возило и во потполна лична при што беше изганснат пожарот, евакуирани децата и песроналот, а беше извлечено и повредено лице од објектот.

Овие вежби се редовна практика на ТППЕ Делчево и се изведуваат со цел да се види подготвеноста и физичка и психичка на пожарникарите во услови на вистинска појава на пожар во објектите на институциите во градот, но и да се провери исправноста на опремата, истакна Миле Тодоровски пожарникар од Делчево.

Грдоначалникот Горан Трајковски присуствуваше на оваа симулациска вежба and изрази задоволство од подготвеноста на пожарникарите за справување со пожарите и на објекти, но и на отворен простор.

Воедно, Трајковски им го честиташе празникот на пожарникарите, а ја додели и традиционалната награда на најдобриот делчевски пожарникар за оваа година, Лоренцо Трајановски кој има 20-годишно работно искуство во професијата.

 Изминатиот период, во континуитет работевме за да ја подобриме опременоста на единицата, но и условите за престој на пожарникарите. Обезбедивме опрема за лична заштита на пожарникарите, што значи дека на нивната професионалност додаваме битен елемент за нивната лична заштита, но и инвестиравме во уредување и опремување на просториите на ТППЕ во Делчево, ги решававме наталожените проблеми и ги регулиравме платите и додатоците од плата и кадровски ја подмладуваме единицата, рече Трајковски.

Тој потенцираше дека во фаза на тендерирање е набавката на ново противпожарно возило и очекува постапката да се спроведе без проблеми и, конечно, да се реши проблемот со застарените возила на ТППЕ.

Пожарникарството во Делчево испишува history of 7 decades of operation. Првото доброволно противпожарно друштво formed by Ilija Damjanov Krstevski from Delcevo in the 50s, po what is formed the first unit led by Commander Nikola Dimitrovski.

Shares