Пијанечко-малешевската свадба на 3 и 4 септември во Делчево и Берово

  • News

Игорчо Петровски и Марина Коколанска од беровското село Русиново ќе бидат зетот и невестата на јубилејното 15 издание на традиционалната Пијанечко-малешевска свадба. Од седум пријавени брачни двојки за учество на реномираната манифестација, стручното жири при Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“ одлучи оваа година брачниот пар да е по потекло од Малешевија со што традиционалната манифестација која е во туристичката понуда од регионот го потврдува регионалниот карактер на манифестацијата.

Во рамкиte на манифестацијата ќе се опфатат околу 30 обичаи, дел во домот на невестата и младоженецот во Русиново, но и на отворената сцена во Делчево како составен дел од традиционалниот фестивал „Делчево-фест“.

Зенил Реџепов-Стручни, автор и координатор на проектот  истакна дека како организатори, по пандемијата ќе се обидат да го вратат сјајот на манифестацијата, која е бренд на овој регион.

Манифестацијата Пијанечко-малешевска свадба годинава ќе се одржи во рамките на  Меѓународниот музички фолклорен фестивал „Делчево фест“ на 3 септември, додека настаните во беровско Русиново с енајавени за 4 септември. Поддржувачи на манифестацијата се општините Делчево, Берово и Пехчево and Министерството за култура.

Shares